• Обука за снимање на добри практики

    Обука за снимање на добри практики

    За време на обуката, советниците  беа вклучени во активности кои им овозможија:

    • да дефинираат критериуми за добра пракса и да се стекнат со знаења за проценување на примери за добра пракса и добро видео;
    • да ги запознаат и практикуваат начините на снимање и монтирање видео од наставната практика;
    • да разменат идеи за користење на видеото, како алатка за подобрување на наставната практика;
    • да се запознаат со можностите и начините за споделување на видеата.

     

    Конкретен продукт од оваа обука беа изготвените критериуми за видео кое презентира добра наставна практика, индикаторите за проценка на квалитет и предлог инструмент за секој критериум. Изготвени се следниве критериуми за добра пракса: јасност на целта на активноста/часот; карактеристики на активноста од аспект на провоцирање учење (да претставува интелектуален предизвик); ефективност на презентирањето на содржините; поврзување на новото со претходните искуства и знаења на учениците; користење  примери со кои наставникот ја насочува работата на учениците; соодветно користење техниките/наставните форми и методи карактеристични за наставниот предмет и за содржината која се реализира; активност на учениците се активни и прифаќање на нивните прашања и одговори користење различни видови материјали за учење; формативно следење и се оценување на учениците; соодветност на средината во која се одвива активноста за развој на знаењата и вештините по соодветниот предмет; и дигиталната содржина (видеото) од технички аспект е соодветна за електронско објавување и споделување.

     

    Бирото ќе работи на допрецизирање на критериумите и индикаторите, како и финализирање на инструментите за проценка, кои потоа ќе бидат достапни до сите наставници.

     

     

     

    Слична обука за снимање на часови кои прикажуваат добра пракса беше реализирана во ноември 2012 година за 50 избрани одделенски наставници обучени во програмите на УНИЦЕФ „Математика со размислување„ и „Јазична писменост во почетните одделенија„.

     

    Снимање видеа за добра практика

    Сознанијата од терен кажуваат дека наставниците најмногу сакаат да учат од конкретни примери, т.е. преку набљудување на часови од колеги кои покажуваат како нешто се спроведува, а сознанијата од литературата кажуваат дека успешните училишта функционираат како професионални заедници за учење, во кои видеото е корисна алатка за анализа и унапредување на практиката.

    Имајќи во предвид дека учењето според модел е многу ефективно кога е во прашање стекнување на вештини за поквалитетна работа, УНИЦЕФ  поддржа активности насочени кон оспособување на наставниците за снимање на видеа кои презентираат добра наставна пракса.

    Видеото од наставната практика е погодно за наставникот да ја анализира сопствената работа со цел да ја коригира и подобрува, за споделување и промоција на сопствената работа со други колеги и официјални лица од воспитно – образовната дејност (советници, инспектори), за анализирање на потенцијалите на некоја наставна техника или метод од работата со учениците и слично.

    Освен за анализирање и прикажување на сопствената работа, видеото може да се користи во понапредни обуки, при работата на тимовите за учење и на училишни активности за професионален развој – како активи на наставници. Потенцијалот на видеото при професионалниот развој е неговата ефективност и го задржува вниманието, има можност да даде претстава за различни приоди во наставата насочени кон постигнување на определена цел, и има можност да се прегледува и анализира повеќе пати.

    Leave a reply →