• Родова сензитивност

    Како дел од обуките за „Училиште по мерка на детето„ во модел училиштата се работеше на унапредување на еднаквиот третман на момчињата и девојчињата, оспособување на децата да ги идентификуваат и надминуваат родовите стереотипи и нееднаквост, како и на креирање родово сензитивна клима во сите сфери на училиштето.

    Една од главните задачи на оваа димензија е да им се помогне на децата да ги откријат и надминат родовите стереотипи и предрасуди на кои наидуваат во наставните материјали, особено на часовите по Македонски јазик и литература, Историја и Запознавање на општеството.

    Leave a reply →