• Партиципација

    Партиципацијата на учениците претставува една од суштинските компоненти на проектот „Училиште по мерка на детето“. Партиципацијата започнува со информирањето на учениците за сé што се случува во училиштето.

    Партиципацијата значи развивање на процедури за комуникација на учениците со сите структури во училиштето и можност за изнесување на нивните мислења и ставови за условите во кои работат, квалитетот на наставата, оценувањето, администрацијата. На овој начин се овозможува учениците да стекнат искуства во формирањето на сопствено мислење, искажувањето на мислењето, непосредното вклучување во одлучувањето и да станат свесни за одговорноста којашто ја имаат од донесените решенија во кои и самите се вклучени.

    Leave a reply →