• Инклузивност

    ИНКЛУЗИВНО ОБРАЗОВАНИЕ

    Инклузивното образование подразбира вклученост на сите деца во наставните и вон-наставните активности на училиштето.

    Инклузивното образование овозможува пристап со кој се задоволуваат потребите за учење на сите ученици во еден образовен систем. Неговите начела се базираат врз основните принципи на Конвенцијата на правата на детето.

     

    Инклузивното образование има за цел создавање системи кои се флексибилни и нудат доволно поддршка за да се задоволат потребите на разни ученици со различно потекло во редовните училишта и училници.

    Канцеларијата на УНИЦЕФ од 2010 година интензивно работи на унапредување на инклузивно образование преку системскиот пристап.

    РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ:

    Спроведена анализа на инклузивноста на образовниот систем
    - Инклузивното образование во рамките на „Училиштe по мерка на детето“

    Подготвена програма за професионален развој на наставници за инклузивно образование која се состои од следниве модули:

    1. Теорија и концепт на инклузивното образование
    2. Идентификување на деца кои се надвор од образовниот систем
    3. Училишен тим за инклузија
    4. Проценка на образовните потреби на учениците
    5. Индивидуални образовни планови

     

    Во текот на 2012 и 2013 година група од 35 национални обучувачи помина обуки за секој од овие пет модули. Групата ја сочинуваат професори од наставничките факултети, искусни наставници, педагози, психолози и дефектолози. Националните обучувачи беа обучени за примена на Меѓународната класификација на функционалности – деца и млади во образование.

    Leave a reply →