• Детски права и мултикултурализам

    Училиште по мерка на детето е пристап базиран на правата на детето што се однесува на сите аспекти на образованието и нивниот придонес кон севкупниот детски развој

     

    Со оглед на мултиетничкиот карактер, во Македонија е додадена и шеста диманзија на Училиште по мерка на детето: детски права и мултикултурализам. Целите на оваа димензија се развивање на толеранција и почит кон другите преку воведување на методи и активности поврзани со мултикултурализмот

     

    Во периодот од 2009 – 2012 година УНИЦЕФ имплементираше програма насочена кон подобрување на меѓуетничкиот дијалог преку пристап фокусиран на системски развој на национално и локално ниво, образование и култура, а, како дел од заедничка програма на ОН „Унапредување на меѓуетничкиот дијалог и соработка“, финансирана од Шпанската Влада преку Фондацијата Милениумски Развојни Цели. УНИЦЕФ беше задолжен за образовната компонента од оваа програма на ОН.

    Во рамките на оваа програма беа имплементирани следниве активности:

    • Анализа на состојбата

    Студија за мултикултуризмот и меѓуетничките односи во образованиетo

     

    • - Подготвени програми за екстракурикуларни активности кои се спроведуваат со ученици од различни етнички групи. Овие програми беа спроведени во сите основни и средни училишта во Струга, Кичево и Куманово.

    Мултикултурни работилници поддржани од УНИЦЕФ поттикнуваат толеранција и комуникација помеѓу деца од различни етнички групи

    Подготвени се и прирачници за наставниците
    Мултикултурни работилници за основни училишта

     

    • - Изработена Концепција за изработка на учебници и Методологија за вреднување на учебници

    Концепција за изработка на учебник

     

    • - Отворени 4 младински центри во Струга, Кичево и Куманово кои нудат можност на децата и младите од различни етнички групи од овие градови да се дружат и учат нови работи од нивен интерес (драма, уметност, фотографија, новинарство, итн.)

    Линк

    Leave a reply →