Ефективност

Обезбедува ефективно и релевантно учење
насочено кон потребите на децата

Инклузивност

Промовира вклучување на сите деца,
без оглед на потеклото и способностите

Детски права и
мултикултурализам

Ги промовира и штити правата на децата и ги подготвува децата
за живеење во мултикултурно општество

Последни новости

    • 05 SEP 13
    • 0

    До каде сме со обуките за математика со размислување и јазичко описменување

    Пред почетокот на учебната 2013/2014 година вкупно 273 основни училишта (65% од сите основни училишта во Република Македонија) се вклучени во обуки по двете програми.

    • 01 SEP 13
    • 0
    Обука за снимање на добри практики

    Обука за снимање на добри практики

    На 30, 31 август и 1 септември 2013 година, во рамки на програмите Математика со размислување и Јазична писменост во почетните одделенија, се одржа обука за 55 советници од Бирото за развој на образованието за Снимање и вреднување на видеа за добра практика. Цел на оваа обука беше советниците да се стекнат со знаења и вештини кои ќе им помогнат во создавање колекција на примери на добра пракса која ќе им помогне на сите наставници да ја унапредат својата работа.

    • 31 AUG 13
    • 0

    Обука на наставници за прирачникот математика со логика за VI одделение

    Во периодот од 26-31 август 2013 година Бирото за развој на образованието организираше обука за наставници по матеметика од сите основни училишта во државата за примена на прирачникот за математика со логика за VI одделение кој се базира на принципите на програмата Математика со размислување.

    • 19 JUN 13
    • 0
    Средба на тимот за учење за Математика со размислување

    Средба на тимот за учење за Математика со размислување

    На 19.06.2013 година во ОУ “Коле Канински”-Битола, беше реализирана првата средба на тимот за учење за Математика со размислување. На средбата беа присутни 20 наставници од одделенска настава, по два претставници од секое основно училиште од Битола. Цел на средбата беше стекнување на дополнителни знаења и искуства од програмата “Математика со размислување” и споделување на успеси и добри практики од сопствената работа и од работата на другите колеги од своите училишта.